Search

Министерот Бектеши оставри работен состанок со американска бизнис делегација: Инвестициите во енергетска транзиција и зелена енергија се наш приоритет

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Министерството за економија оствари работен состанок сопретставнициодамериканскабизнисзаедница, кои се во посета на Северна Македонија.

Главна тема на состанокот на кој присуствуваа и специјални претставници од Стејт Департментот беше зајакнување на соработката и реализација на инвестиции пред се во делот на енергетиката.

Министерот Бектеши го поздрави интересот на американските компании за инвестиции во Северна Македонија и ги презентираше условите и можностите за реализација на инвестициски проекти во земјата, пред се во делот на зелена енергија и обновливи извори.

Министерот Бектеши информираше дека Северна  Македонија засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси.

Земјата, како што кажа министерот Бектеши започна инвестиции во делот на инфраструктуратавоенергетскиотсектор, а се реализираатголемиинвестициивообновливаенергијакоинаскороќедоминиратвопроизводството на електричнаенергија.

На состанокотприсуствуваапретставнициодЕксимбанка, Иновацискиотфондзаенергетика на Безос, СименсЕнерџи, заменикпретседател на американскоцентралноевропскатабизнисасоцијација и други.

Треба да знаете
Последни објави