Search

Ленс Строл ќе се трка во Бахреин со скршен зглоб на раката

Возачот на Астон Мартин, Ленс Строл ќе се трка на првата трка од новата Ф1 сезона во Бахреин овој викенд со шипка во скршениот зглоб по падот од велосипед на тренинзи.

Строл го пропушти зимскиот тест на истата патека Сакир, но од тимот потврдија дека ќе се трка овој викенд. Одговарајќи на шпекулациите дека ги скршил двата зглоба на раката, тој потврди дека имал опрерација на едниот зглоб, но дека другиот само му бил исчашен.

„Се чувствувам добро. Моравме да побрзаме последните 12 дена од несреќата за да бидам тука, но се чувствувам добро и силно. Нема да има проблеми“, вели Строл.

Прогнозите велат дека Астон Мартин, инаку во сопственост на таткото на Строл, канадскиот милијардер Лоренс Строл, имаат силен болид и дека се четврти најбрзи пред елитното трио Ред бул, Ферари и Мерцедес.

„Да, болидот изгледа фантастично и сите едвај чекаме да почнеме“, вели Строл, кој оваа година ќе вози покрај двократниот светски шампион, ветеранот Фернандо Алонсо.

Треба да знаете
Последни објави