Search

МВР и колегите од Турција ја договараат екстрадицијата на Палевски во Македонија

Откако Турција даде одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се очекува негово пристигнување во Македонија. Точна информација кога Палевски ќе биде испорачан во Македонија не се соопштува во интерес на процесот на спроведување на екстрадицијата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека полициските службеници од Македонија се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно за Палевски да биде изведен пред лицето на правдата. Полициски извори велат дека не треба да очекуваме спроведувањето на Палевски да се случи денес или утре.

Палевски во Турција беше уапсен на 5 декември изминатат година. Покрај Палевски за двојното убиство се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

Треба да знаете
Последни објави