Search

Арсенал го растури Евертон, Ливерпул конечно победи

Фудбалеите на Арсенал продолжуваат со одличните игри сезонава и со вечерашниот триумф против Евертон, му избегаа на пет бода на Манчестер сити во трката за титулата.

Топчиите по победата од 4:0 над Евертон во заостанатиот натпревар од седмото коло во Премиер лигата, се лидери на табелата со 60 бода, пет повеќе од Манчестер сити, додека третопласираниот Манчестер сити има 11 помалку, но и натпревар помалку. Евертон е 18-ти на табелата со 21 освоен бод, колку што има и претпоследниот Борнмут.

Топчиите во финишот од првиот дел постигнаа два гола, Букајо Сака во 40-та минута го отвори резултатот, а шест минути подоцна му асистираше на Габриел Мартинели за водство од 2:0.
Победата ја завери Мартин Одедгард со голот во 71-та минута, а конечниот резултат го постави Мартинели во финишот од мечот.

Фудбалерите на Ливерпул на свој терен со 2:0 беа подобри од Вулвс во рамките од седмото коло во англиската Премиер лигата.

„Црвените“ на овој начин ја прекинаа низата од дебаклот од Реал и ремито со Кристал Палас. Со 39 бода Ливерпул сега е шести на табелата. Избраниците на Клоп се уште се во борба за место кое води во Лигата на шампионите, но победата секако е добра и за самодоверба пред дербито против Манчестер Јунајтед за викендот.

Првото полувреме во денешниот натпревар беше за заборав, скоро ништо и да не се случуваше. Единствените ситуации кои се вредни да се споменат се обидите на Мутињо и Харви Елиот во завршницата од првиот дел.

Второто полувреме донесе поголеми возбудувања, а започнаа кога во 66-тата минута Дарвин Нуњез ја погоди мрежата на Вулвс. Сепак, тој гол беше поништен по реакција на ВАР. Ако тој гол беше поништен, не беше оној во 73-тата минута.

По едно нафрлување од слободен удар од левата страна, Ван Дајк беше највисок во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата. Прашањето на победникот беше решено четири минути подоцна кога Салах една одлична акција на „црвените“ ја заврши со гол.

Ливерпул сега е на шестата позиција со 39 бода, шест помалку од четвртопласираниот Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави