Search

Песков: Засега Западот не е подготвен за мировни иницијативи во однос на Украина

Западот се уште не покажува подготвеност за мировни иницијативи кога е во прашање ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Добивај вести на вибер

„Засега нема подготвеност или отвореност за мировни иницијативи од страна на Западoт“, рече Песков во интервју за каналот „Русија еден“.

Тој вели дека идејата на белорускиот претседател Александар Лукашенко за разговори меѓу руските и американските лидери Владимир Путин и Џозеф Бајден веројатно нема да најде поддршка од Запад.

Лукашенко претходно го покани Бајден во Минск и рече дека е подготвен да ја организира неговата средба со Путин.

Песков нагласи дека Бајден „нема да има застанувања на неговото претстојно патување во Европа, освен во Полска“.

Треба да знаете
Последни објави