Search

Кошаркар што не игра во НБА, победи во забивање на Олстар викендот

Мик Мекланг, кошаркарот кој има само два натпревари во НБА лигата, стана ѕвезда на Олстар викендот. Тој победи во натпреварот во забивање, откако доби дури 19 максимални оценки за своите изведби. Воодушеви со забивањето во кое прескокна двајца мажи, ја потпре топката на таблата, а потоа заби во кошот.

Мекланг кој настапува во Развојната лига, а има по еден меч во НБА за Чикаго Булс и за ЛА Лејкерс, беше вистинска ѕвезда изминатата ноќ.

Тој го заврши натпреварувањето со 199,8 поени од максимални 200 и го освои трофејот во конкуренција на Кенион Мартин јуниор, Треј Марфи трети и Џерико Симс. Посебно

Бекот на Портланд Трејлблејзерс, Демиан Лилард, победи во натпреварот во шутирање тројки, пред Бади Хилд и Тајрис Халибартон од Индијана.

Лилард постигна по 26 поени во секоја рунда, а иако рекордот на вечерта го постави Халибартон (31), сепак, потфрли во втората рунда и не стигна до трофејот.

Во натпреварувањето во вештини, најдобар беше тимот на Јута. Триото Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон во финалето ги победијата браќата Адетокумбо.

Треба да знаете
Последни објави