Search

Нов земјотрес во југозападниот дел на Турција

Југозападна Турција денеска повторно ја потресе земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случи околу 16 часот, погоден е југозападниот дел на Турција – овојпат со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Според последните податоци, епицентарот бил на 19 километри југозападно од градот Гоксун.

Овој дел на Турција, а и соседна Сирија, пред 12 дена го потресоа серија силни земјотреси кои според последните информации однесоа повеќе од 40.000 човечки животи.

Треба да знаете
Последни објави