Шериф и Паризан ќе играат пред празни трибини

Првиот натпревар во Конференциската лига помеѓу Шериф и Партизан ќе се одигра без публика. Одлуката да нема гледачи ја донеле од Безбедносната служба на Молдавија.

Молдавците се огласија откако доцна синоќа 12 навивачи на Партизан биле задржани на аеродромот во Кишињев. Нив не им било дозволено да влезат во земјата „поради актуелната ситуација“ и „зато што биле Срби“.

Токму од безбедносни причини натпреварот не се игра во Тираспољ туку во главниот град на Молдавија, Кишињев.

Шериф, во првиот натпревар од 1/16 финалето во Конференциската лига, ќе го пречка Партизан во четврток од 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави