Search

Нов земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Турција.

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од градот Гоксун, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за евентуални нови жртви и материјална штета.

Да потсетиме, посилен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала рано денеска ја погоди Романија.

Овој земјотрес беше почувствуван и во Србија како и во Хрватска,пренесе Блиц.рс.

Треба да знаете
Последни објави