Јувентус го победи Лацио за полуфинале со Интер во Копа Италија

Фудбалерите на Јувентус се последниот патник во полуфиналето на Купот на Италија и тоа откако оваа вечер излегоа како победници од пресметката со Лацио.

Добро се познати проблемите на „бјанконерите“ во оваа сезона, казната од 15 бода поради која едноставно ќе мора да пристискаат преку Купот да се изборат за место во Европа во наредната сезона затоа што ќе биде многу тешко тоа да го направат преку Серија А.

Од денеска тие се чекор поблиску до трофејот во ова натпреварување во кое во полуфиналето ќе ги одмерат силите со Интер. Место во оваа фаза им обезбеди дефанзивецот Бремер кој го најде патот до мрежата на лацијалите во 44 минута.

Полуфиналните пресметки меѓу Интер и Јувентус се закажани за месец април.

На другата страна на ждрепката се Фиорентина и Кремонезе.

Треба да знаете
Последни објави