Search

Шпанија преку Словенија во четвртфиналето на СП

Поранешниот светски и европски првак Шпанија е прв четвртфиналист на 28-то Светско ракометно првенство во Шведска и Полска, после денешната победа против Словенија со 31-26 за да го задржи максималниот ефект.

Шпанија со осум бода и меч до крајот е недостижна за ривалите, зашто Словенија како третопласирана остана на четири, па Франција која е апсолутен фаворит против Иран сега со победа ќе ѝ се придружат на „црвената фурија“ во елиминациската фаза во која вкрстуваат со групата 3, каде лидери без загубен бод се Норвешка и Германија.

Словенија имаше сила да одолева на Шпанија и да игра егал меч до 40-та минута, кога после 19-19, Шпанците направија серија од 5-1 за највисоки плус четири (24-20), а потоа умешно ја зголемуваа предноста до највисоки плус шест во завршницата (31-25) за да триумфираат и да дојдат до четвртфиналето.

Одриозола со шест и Даниел Душебаев со пет гола беа предводници на Шпанците, додека Доленец со седум и Јанц со пет беа најефикасни кај Словенија.

Португалија со убедливо второ полувреме ги сомле Зеленортските острови и триумфираше со 35-23, за да остане во трката за место во четвртфиналето, па сега дојде до пет бода на контото и привремено второ место, пред вечерашната скандинавска пресметка на Шведска и Исланд. Швеѓаните се единствени максимални во оваа група со шест бода од три меча, а Исланд има четири, додека Бразил со три и меч попладнево со Унгарија која има два бода може „кариоките“ исто така да ги остават во трка за елиминациите.

Африканците им одолеваа на Португалците повеќе од полувреме, пред да избегаат на плус пет (19-14), а потоа да направат брутална серија од 11-1 за најубедливи 14 разлика (30-16)

Треба да знаете
Последни објави