Search

Цел стадион извика „Сиу“!-фановите на Ал-Наср го прославија трансферот на Роналдо

Навивачите на Ал-Наср го прославија мега-трансфер на Кристијано Роналдо во нивниот омилен клуб.

Португалскиот ас по заминувањето од Манчестер Јунајтед се реши за изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија. Роналдо можеби сè уште не ја шутнал топка за својот нов клуб, но тој веќе е миленик на навивачите.

Приврзаниците на Ал Наср ја прославија потврдата на двегодишниот договор на 37-годишниот играч со изведба на неговата позната прослава „Сиу“, во седмата минута од победата на тимот од против Ал-Калиџ во саботата (1-0).

За Португалецот ова ќе биде прва мисија надвор од Европа. Досега, тој играше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, со кои урна многу рекорди и оствари големи успеси кои го направија еден од најголемите во историјата.

Треба да знаете
Последни објави