Search

Канадскиот селектор не му честита на Далиќ, а овој му порача дека има уште многу да учи !

Хрватскиот фудбалски селектор Златко Далиќ открива дека неговиот колега Џон Хердман, предводник на Канада не му честитал по убедливата победата (4:1) во групната фаза на СП. Пресметката меѓу Хрватска и Канада предизвика многу внимание поради изјавите на кандскиот селектор дека треба да ја „е.ат Хрватска“.                                                                                -Јас кога ќе изгубам, секогаш се ракувам со противникот и му честитам. Канадскиот селектор не ме почека, веднаш си отиде. Господинот очигледно е лут по поразот. Тој е квалитетен тренер со тоа што ја донесе Канада на Мундијалот, но очигледно некои работи уште ги нема научено, вели Далиќ.

Ова е само кулминација на „војната на зборови“ пред мечот, откако по контроверзната изјава на Хердман, хрватскиот „24 Сата“ го постави на насловната страница со фото-монтажа со јаворови листови (симболот на Канада) на интимно место и со порака: „Имаш голем јазик, но дали имаш големи мадиња?“.

Треба да знаете
Последни објави