Search

Милевски: Добивме сериозна „шлаканица“, треба да си го ставиме прстот на чело

Македонскиот селектор Благоја Милевски посочи денеска после поразот од Азербејџан дека овој пораз е добра шлаканица за целата репрезентација почнувајќи од него на чело.

Македонија одигра слаб меч и влезе во сериозна серија од четири меча без победа, пред стартот на новите евроквалификации во март.

„Ако во некои сегменти бев задоволен со Финска, некои работи беа добри до примениот гол. Ама, мора да сум искрен, ова е убав шамар за сите нас. Мора да го ставиме прстот на челко и да се замислиме добро, дали и колку го почитуваме македнскиот дрес. Почнувам од мене, па до сите други, технички служби, фудбалери, стручен штаб. Добро е што дојде тој шамар сега. Не се сомневам дека ќе сме спремни за во март, но мора да бидеме спремни во главите, да сфатиме дека нема лесни противници, фудбалот нема импровизации, мора да имаш самопочит, почит кон ова што го носиме тука сите од нас, за да можеш да го почитуваш тоа што си дел од репрезентација на Македонија“, рече Милевски.

Треба да знаете
Последни објави