Search

Пендаровски: Да заокружиме број 1 и заеднички да продолжиме да работиме на напредок на нашата држава во евроинтеграциите 

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска во рамки на кампањата беше во посета на општина Студеничани. 

Пендаровски на граѓаните им го честита 1 мај – Меѓународниот ден на трудот и повика на силна мобилизација на осми мај. 

„Потребна е мобилизација на сите за вториот круг и знам дека имаше голем број граѓани кои одлучија да не излезат и да не гласаат во првиот круг очекувајќи дека се ќе се решава во вториот круг. Но на осми мај почнуваме од нула и затоа секој глас е важен. Знам дека има притисоци од различни партии и агитации граѓаните да се определат предвреме, да се гласа блоковски, но јас сметам дека секој треба да одлучи за себе, треба да се гласа за човек, а не за партија, бидејќи ова се избори за претседател на државата“ рече Пендаровски, 

Пендаровски посочи дека тој во изминатите пет години покажал дека е претседател на сите, дека по ниту една основа ги нема делено граѓаните и дека така и ќе продолжи, додавајќи дека во последните неколку години меѓуетничките односи се на високо ниво и дека тоа е рецептот за натамошен напредок на државата. 

„Сите ние живемее и работиме заедно во ова наше заедничко општество, сме живееле едни со други и треба да продолжиме да живееме така и заеднички да работиме за напредок во евроинтеграциите, а на овие избори бројот еден е гаранција, дека државата ќе продолжи по патот на евроинтеграциите“ порача Пендаровски во Студеничани.

Треба да знаете
Последни објави