Search

Инфантино: Критичарите на катарската организација на СП се лицемери

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, предизвикува бурни реакции на ден пред почетокот на Светско фудбалско првенство, обвинувајќи го за лицемерство дел од западниот свет кој ја критикува катарската организација на Мундијалот.

– Оние кои го критикуваат Светското првенство се лицемери, ова што во моментов се случува навистина е неправедно, рече Инфантино на конференција за новинари во Доха која ја отвори со едночасовен монолог во кој истакна оти се чувствува истовремено „Катарец”, „Арап’, „Африканец”, „геј”, „инвалид” и „работник емигрант”.

– За тоа што ние Европјаните го сторивме во изминатите 3.000 години, би требало да се извинуваме во следните 3.000 години пред да почнеме на другите да им држиме морални лекции. Тие морални лекции не се ништо друго освен лицемерие, порача Инфантино.

Тој се осврна на новински извештаи во неколку земји – Шпанија, Англија, Франција-во кои пакистански навивачи со знамиња на Аргентина се опишуваат како „лажни навивачи”.

– Тоа е чист расизам. Секој на светот има право да навива за кого сака, рече првиот човек на ФИФА на прес – конференција во Доха.

Треба да знаете
Последни објави