Search

Рикиардо ќе биде резервен возач во Ред Бул

Даниел Рикиардо повторно ќе има ангажман со Ред Бул. По неколку сезони поминати во Рено и Мекларен, Рикиардо се враќа во австрискиот тим. Австралеиецот ќе биде резервен возач во Ред Бул.

Еден од главните луѓе на Ред Бул, Хелмут Марко, потврди за германски „Скај спорт“, дека Даниел Рикиардо ќе биде резерва во Ред Бул следната година.

Поради лошите резултати во текот на оваа сезона, Рикиардо го загуби местото во Мекларен за кој следната година ќе возат Ландо Норис и Оскар Пјастри.

„Рикиардо ќе биде нашиот трет возач. Имаме многу спонзори и мораме да имаме специјални настани каде што некој треба да ги вози автомобилите. Секако дека е возач од висок калибар и најдобро е обучен за тоа“, изјави Хелмут Марко.

Лијам Лосон, кој на првиот тренинг возеше во Абу Даби наместо Макс Ферстапен, сега веќе нема да биде резерва во Ред Бул туку истата улога наредната година ќе ја има во Алфа Таури

Рикиардо возеше за Ред Бул од 2014 до 2018 година, потоа се пресели во Рено. За францускиот тим возеше во 2019 и 2020 година, кога ја освои петтата позиција во генерални. Минатата сезона успеа да му донесе победа на Мекларен на трката за Глемата награда на Италија во Монца.

Треба да знаете
Последни објави