Search

Тевез ја напушти клупата на Росарио

Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Карлос Тевез (38) веќе не е тренер на прволигашот од Буенос Аирес, Росарио Централ.

За Тевез, кој имаше трофејна кариера како фудбалер во дресовите на Бока јуниорс, Коринтијанс, Манчестер јунајтед, Јувентус и Манчестер сити, ова беше прв тренерски ангажман што траеше нешто повеќе од четири месеци.

Тевез го напушти аргентинскиот прволигаш со ефект од шест победи, 11 нерешени и седум порази на 24 натпревари.

-Никому не му е од корист да ја продолжам оваа работа, а јас никому не сакам да бидам товар. Нема да се мешам во клупската политика, јас само сакам да бидам тренер, изјави Тевез за локалните медиуми по напуштањето на клупата на Росарио.

Треба да знаете
Последни објави