Search

Бруклин го суспендираше Ирвинг поради антисемитска реклама

Ѕвездата на НБА лигашот Бруклин, Кајри Ирвинг, ќе мора да пропушти најмалку пет натпревари, откако клупското раководство го казни бидејќи кошаркарот промовираше на социјалните мрежи филм со антисемитска содржина, а за тоа јавно не се извини.

Во меѓувреме, Ирвинг и Бруклин донираа по 500.000 долари на здруженија кои работат на искоренување на расната омраза и нетрпеливост, но кошаркарот јасно не ја призна својата грешка во проценката на содржината која ја промовираше.

– Не сакав никого да повредам. Јас не сум тој, кој го сними документарецот, рече Ирвинг.

Со таквиот негов истап останаа разочарани во раководството на НБА лигата, а и клубот му изрече суспензија од најмалку пет натпревари.

– Во текот на изминатите неколку денови се обидовме во повеќе наврати да му помогнеме на Ирвинг да ја сфати штетата и опасноста од тоа што го изрече и презеде, што започна со промовирањето на филм кој содржи длабоко вознемирувачки антисемитски пораки на омраза, соопшти Бруклин.

Треба да знаете
Последни објави