Search

Никој не го сака Рикијардо, ќе одмара следната сезона

Даниел Рикијардо на крајот на оваа година ќе го напушти Мекларен пред истекот на договорот со оглед на тоа дека ниту тој, ниту британската екипа не се задоволни од неговиот перформанс во Формула 1.

Австралискиот возач е слободен во изборот на нов тим, меѓутоа никој не го сака, па така ќе ја пропушти идната сезона.

-Нема да возам следната година во Формула 1. И понатаму сакам да бидам дел од Ф1, меѓутоа во овој момент ми е потребен одмор. Сакам да се вратам во 2024 година кога ќе видам како ќе се одвиваат работите во тимовите што се однесува до договорите, изјави Рикијардо.

Австралиецот во кариерата возеше за ХРТ, Торо Росо, Ред Бул, Рено и Мекларен. Во 230 настапи има 8 победи, а последен пат триумфираше на ГП на Италија во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави