Search

Англија се соочува со необични проблеми пред СП

Англиската фудбалска репрезентација за време на Светското првенство во Катар ќе биде сместена во луксузниот хотел Соуг Ал-Вакра, кој се наоѓа на 15 километри од главниот град Доха.

Англичаните го избраа хотелот поради луксузните содржини што ги нуди и близината до тренинг кампот на стадионот „Сауд Бин Абдулрахман”, меѓутоа англиските медиуми објавија денеска дека во непосредна близиан на хотелот ќе се одржи музички фестивал, кој ќе трае дури 28 вечери едно по друго.

На фестивалот MDLBEASTќе настапат 56 изведувачи, меѓу кои и Давид Гета и Фетбој Слим.

Организаторите очекуваат повеќе од 200.000 посетители, а во англиската репрезентација стравуваат дека бучавата може да им прави проблеми на фудбалерите.

Треба да знаете
Последни објави