Search

Стрелците на средбите од ЛШ расположени за голови

Стрелците на натпреварите од фудбалската Лига на шампионите вечерва, за разлика од синоќа беа расположени да ги тресат противничките мрежи. На вечерашните шесте натпревари од четвртото коло беа постигнати вкупнио 30 гола.

Барселона одигра 3:3 со Интер на „Камп Ноу“ и ги задржа минималните шанси за освојување на второто место во групата Ц кое носи пласман во нокаут фазата. Барселона по четири кола има четири бода, додека Интер има седум, но и подобар скор со каталонскиот тим. Барселона поведе со голот на Дембеле во 40. минута, но во вториот дел, Интер постигна два гола преку Барела и Лаутаро Мартинез за 1:2. Левандовски во 82. минута израмни на 2:2, а нов шок за домашните фанови им предизвика Госенс во 89 минута. Левандовски во судиското продолжение успеа да ја спаси Барселона од пораз.

Првото место во групата Ц е резервирано за Баерн Минхен кој со 2:4 славеше на гостувањето кај Викторија Плзењ и сега има 12 бода.

Најефикасен натпревар беше одигран во Глазгов каде Ливерпул со 7:1 го совлада домаќинот  Ренџерс. Конечно проработе Мохамед Салах кој постигна три гола.Два пати во листата на стрелци се запиша Роберто Фирмињо, а по еднаш Дарвин Нуњез и Харви Елиот. Почесниот гол за Ренџерс го постигна Арфилд.

Ефикасно беше и во Лондон каде Тотенхем со 3:2 го совлада Ајнтрахт Франкфурт благодарение на двоецот Хјонг-Мин Сон – Хари Кејн. Двајцата напаѓачи во првото полувреме му донесоа предност на Тотенхем од 3:1, а во вториот дел Алиду во финишот намали на 3:2.

Олимпик Марсеј со 0:2 славеше на гостувањето кај Спортинг и се вмеша во трката за првите две позиции во групата Д. Тотенхем е лидер со 7 бода, а Марсеј и Спортинг имаат по шест, а Ајнтрахт со четири бода иако е последен во групата останува во игра во последните две кола.

Порто со 0:3 го победи Баер Леверкузени и го помина Атлетико Мадрид на табелата.

Во првите два натпревари одиграни попладневи беа постигнати шест гола, Наполи со 4:2 го совлада Ајакс, а единствен натпревар на кој денеска немаше голови во ЛШ беше тој што се играше на „Ванда Метрополитано“ меѓу Атлетико Мадрид и Бриж.

Треба да знаете
Последни објави