Search

Македонските кошаркарски надежи убедливи на стартот од ЕП во Тбилиси

Младинската македонска кошаркарска решрезентација сигурно со убедлив триумф против Австрија (90:54) го почна Европското првенство во Б-дивизијата кое се одржува во Тбилиси.  Следниот меч на еврошампионатот во Грузија, македонските надежи го играат в сабота, против Шведска од 14:45 часот.

Младинците кои ги предводи селекторот Никола Василев, работата ја завршија уште во првата четвртина во која успеаја да направат 19 поени разлика, добивајќи ги првите десет минути од мечот со 33:14 и сѐ потоа беше само рутинско одработување на мечот, на кој постојано ја зголемуваа предноста до убедливата победа.

Марио Миловановиќ со 15 поени беше најефикасен, Лука Савиќевиќ додаде 13 со девет асистенции, а Павел Данаиловски погоди 12, додека Гоце Петрушевски уште беше двоцифрен со 10 поени. Сите избраници на Василев се запишаа меѓу стрелците

Миро Запф беше единствен со двоцифрен ефект кај Австрија со 10 поени.

Треба да знаете
Последни објави