Search

Динамо ја победи Локомотива на стартот од новата сезона во ХНЛ со гол во судиското продолжение

Актуелниот хрватски фудбалски правак Динамо Загреб, противникот на Шкупи во вторник во првиот меч од второто квалификациско коло во ЛШ, ја почна одбраната на шампионската круна во ХНЛ-лигата со победа против градскиот ривал Локомотива остварена со гол во 91-та минута за комплетен пресврт од 3:2.

Двајцата македонски репрезентативеци во тимот од Максимир,  Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа во тимот на „модрите“. Локомотива по 23 минути игра имаше два гола предност со погодоците на Куленовиќ во четвртата и Алију во 23-та минута. „Модрите“ преку своето најголемо засилување во нападот Јосип Дрмиќ се вратија во игра, откако даде голови во 26-та и 35-та, но дури во финишот шампионот дојде до победата.

Лука Менало погоди во првата минута од судиското надополнување за триумфален старт на „модрите“.

Треба да знаете
Последни објави