Уапсен поранешниот сопруг на Бритни Спирс- упаднал на нејзината свадба

Венчавката на Бритни Спирс со Сем Ашгари наводно била прекината во четвртокот кога се појавил нејзиниот прв сопруг Џејсон Александар, кој се обидел да упадне на настанот.

Според TMZ, Александар го споделил својот обид во живо на Инстаграм додека се доближувал до обезбедувањето, велејќи дека му се јавила пејачката.

Александар исто така му кажал на обезбедувањето дека Спирс е неговата „прва и единствена сопруга“ и дека планира да упадне во нејзината венчавка. Целиот обид го пренесуваше во живо, сè додека успеа да стигне до куќата и свадбениот шатор на Бритни. Потоа, како што пишува порталот, дошло до „физичка пресметка“ и полицијата била повикана на местото на настанот.

Според Variety, Александар бил уапсен на самото место кога полицијата открила дека не смее да ги премине границите на округот. Тој претходно бил уапсен во Френклин, Тенеси, заради демнење.

Александар ѝ е пријател од детството на Бритни, тие се венчаа во 2004 година, но бракот беше поништен 55 часа подоцна.

Тој ѝ даде јавна поддршка на Бритни за време на движењето #FreeBritney – присуствуваше на митинг пред зградата на судот во Лос Анџелес во август 2020 година и ијави пред камерите дека тој и Бритни неодамна комуницирале.

Треба да знаете
Последни објави