Тен Хаг има список со пет фудбалери кои сака да ги види на „Олд Трафорд“

Новиот тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, им порачал на челниците на клубот дека сака во летниот преоден рок да ангажира пет фудбалери со кои екипата би се вклучила во битката за трофеите. На списокот со посакувани играчи  кај Тен Хаг се наоѓаат: Френки де Јонг, Калвин Филипс, Деклан Рајс, Нголо Канте и Дарвин Нуњез, откриваат медиумите на Островот.

Јунајтед нема намера да се откаже од трансфер на Де Јонг кој веќе има работено со Тен Хаг во Ајакс. Де Јонг засега не сака да ја напушти Барселона која за него бара 70 милиони евра.

Тен Хаг по секоја цена го сака летово на „Олд Трафорд“ да пристигнат Калвин Филипс од Лидс и играчот на Вест Хем, Деклан Рајс. Трансферот на Филип е реален, но проблем претставува Вест Хем кој за својот најдобар фудбалер бара 120 милиони фунти, сума која Манчестер јунајтед не е подготвен да ја плати. Французинот Нголо Канте не сака да го напушти Челси, а напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез е цел и на шпанскиот и европскиот првак Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави