Милевски направи четири промени – тројца дебитираат во Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација за нешто повеќе од еден час ќе тргне во битка за првата победа во овој циклус во Лигата на нациите, на гостувањето кај Гибралтар (18 часот), во меч на кој само победа е опција за црвено-жолтите.

Македонскиот селектор Благоја Милевски направи дури четири промени од стартниот тим против Бугарија пред три дена во Разград, па дебитира Никола Серафимов ќе ја земе позицијата на Дарко Велковски како стоперски тандем со Висар Муслиу, Тодор Тодоровски го запишува својот прв настап на десен бек, Бобан Николов добива шанса од почеток, а во првиот тим во формацијата 4-4-2 го нема Дарко Чурлинов, а на голот е Дејан Илиев, за кого исто така е ова деби за А-селекцијата.

Македонија тргнува со Илиев на голот, Тодоровски како десен бек, Серафимов и Муслиу на стоперските позиции, а Езџјан Алиоски стандардно на лев бек.

Енис Барди и Стефан Спировски се централните фудбалери за врска, Елиф Елмас и Николов ја комплетират четворката во средниот ред поставени на крилните позиции.

Во нападот се Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Мечот се игра на „Викторија стадионот“ во Гибралтар, а судија е анонимниот Луксембуржанец, Алан Дуро.

Треба да знаете
Последни објави