Меси ѝ даде пет гола на Естонија

Репрезентацијата на Аргентина убедливо ја совлада Естонија (5-0) во пријателски меч одиграш во шпанскиот град Памплона, во кој сите погодоци ги постигна еден фудбалер – Лионел Меси.

Неверојатниот мајстор од ПСЖ серијата ја отвори уште во деветтата минута од пенал, а до крајот на полувремето постигна уште еден погодок. Хет-трик имаше по само неколку минути од вториот дел од мечот, а „петардата“ ја комплетира со погодоците во 71. и во 76. минута.

Меси покрај неверојатниот голгетерски ефект, вечерва оствари уште еден јубилеј, со оглед што Естонија е вкупно 30. селекција против која тој се запишува во листата стрелци во досегашната репрезентативна кариера.

Треба да знаете
Последни објави