Search

Ред Бул планира да изгради нов воздушен тунел во следните две години

Управата на Формула 1 тимот Ред Бул има намера да изгради нов воздушен тунел во Милтон Кејнс. Според советникот на тимот Хелмут Марко, проектот е во фаза на одобрување. Изградбата треба да трае две години.

Одлуката на Ред Бул е поврзана со ограничувањето на работата во тунелот за ветер, кое го вклучува и времето на забрзување.

– Забрзувањето до саканата брзина е премногу долго и губиме значителен дел од времето, смета Адријан Њуи, шеф на дизајнерското биро на Ред Бул.

Воздушни тунели градат и Мекларен и Астон Мартин, кои треба да бидат готови до пролетта 2023 година.

За потсетување, Формула 1 има намера целосно да се префрли од работа во тунел за ветер на компјутерска симулација (CFD) до 2030 година.

Њуи рече дека Ред Бул немаше да мора да изгради нов тунел за ветер доколку преминот кон CFD се случеше порано: „Би ограничил сè само на CFD. За жал, немаше доволно гласови за ова”.

Од „Auto Motor und Spor”t тврдат дека трошоците за изградба на ваков тунел за испитување на аеродинамичните карактеристики на болидите се меѓу 50 и 75 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави