Search

Милер стави потпис на нов догoвор со Баерн

Германскиот напаѓач Томас Милер ќе остане во  редовите на првакот Баерн Минхен уште две години. Денеска Милер стави потпис на договор за продолжување на соработка до 2024 година.

Со Баерн, Милер ги освои сите можни трофеи, а легендарниот Оливер Кан по потпишувањето на договорот изрази големо задоволство што соработката е продолжена.

Во Баерн во следниот период се очекуваат да бидат потпишани уште неколку договри за продолжување на соработката, но фудбалската јавност најмногу ја интересира иднината на Левандовски.

Од Баерн се убедени дека тој ќе остане во Минхен.

Треба да знаете
Последни објави