Search

Вилјареал не се откажува од ново чудо, Ливерпул да ја потврди фаворитската улога

Шпанскиот Вилјареал вечерва (21 ч.) ќе го пречекаат англискиот Ливерпул во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во фудбалската Лига на шампионите. „Црвените“ од „Енфилд“ имаат предност од (2-0) по првите 90 минути одиграни минатата среда во Англија.

По елиминацијата на Јувентус и Баерн Минхен, Вилјареал се соочува со најголемиот предизвик сезонава бидејќи првпат на реваншот ќе брка негатива. Тренерот на „жолтата подморница“, Унаи Емери се надева дека ќе може да смета на услугите на Жерар Морено кој поради повреда го пропушти првиот натпревар.

Натпреварот кој ќе се игра на „Ел мадригал“ е закажан за 21 часот.

Треба да знаете
Последни објави