Search

Алаба неизвесен за реваншот на Реал против Манчестер сити

Дефанзивецот на шпанскиот Реал Мадрид, Давид Алаба најверојатно ќе го пропушти утрешниот реванш натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите против англискиот Манчестер сити, објави „Марка”.

Според шпанскиот спортски весник, 29-годишниот фудбалер го пропушти последниот тренинг на Мадрид. Постои можност поради повреда да не може да учествува на натпреварот со англискиот првак.

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите Реал – Манчестер сити ќе се одигра утре  на „Сантијаго Бернабеу”. Средбата започнува во 21 часот. Првиот натпревар Сити го доби со 4:3.

Вечерва од 21 часот се игра првото полуфинале. Во него ќе се соочат Виљареал и Ливерпул. Првиот меч го доби англискиот претставник со 2:0. 

Треба да знаете
Последни објави