Search

Црногорката Ковиниќ ја елиминираше Радучану од Австралија Опен

Црногорската тенисерка Данка Ковиниќ(27) се пласираше во третото коло на Австралија Опен откако со 2:1 во сетови ја победи младата британска тенисерка, Ема Радучану,18-та на ВТА листата и сензационалната победничка на минатогодишниот УС Опен.

Поразот со 6:4, 4:6, 6:3 е прв пораз за 19-годишната Британка на Грен слем, откако единствениот претходен пораз беше кога се повлече поради тешкотии со дишењето против Ајла Томљановиќ во четвртото коло на Вимблдон минатата година.

За Ковиниќ, која во моментов е 98 рангирана на светската листа е ова прв пат да стигна до третото коло на еден од четирите најголеми турнири, што е најдобар резултат на некоја црногорска тенсерка. Најдобар ренкинг имала во 2016 година кога била 46 на ВТА листата.

Во следното коло ќе играа против Симона Халеп која на убедлив начин обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен откако во втората рунда славеше над бразилската тенисерка Беатриз Хадад Маја со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-0.

Вистинска сензација приреди Французинката, Ализ Корне која славеше над Гарбиње Мугуруза со 2-0 (6-3 и 6-3). Пласман во третата рунда обезбедија и Ига Швјонтек, Арина Сабалјенка.

Треба да знаете
Последни објави