Search

Австралиската влада тврди дека на Ѓоковиќ не му бил гарантиран влез во државата

Австралиската влада не му гарантиташе на тенисерот Новак Ѓоковиќ дека ќе биде прифатено неговото медицинско ослободување за влез во Австралија, соопштија владините адвокати во судски поднесок денеска.

Предлогот пред судското рочиште в понеделник ја брани владината одлука да му забрани влез во Австралија на првиот тенисер во светот поради статусот на вакцинација. Ѓоковиќ се надева дека ќе го освои својот 21 грен слем на Австралија опен, кој започнува во Мелбурн на 17 јануари. Но, наместо на тренинзи, Ѓоковиќ е во хотел за баратели на азил. Тенисерот се обидува да ја оспори одлуката за одбивање на визата откако му беше забранет влез во земјата по пристигнувањето на аеродромот во Мелбурн во четвртокот рано наутро.

Ѓоковиќ, гласен противник на задолжителната вакцинација, одби да го открие својот статус на вакцинација и причината поради која побарал медицинско изземање од австралиските правила за вакцинација. Но, неговите адвокати во саботата поднесоа тужба до судот, тврдејќи дека српскиот тенисер добил изземање затоа што во декември се заразил со коронавирус. Се додава дека МВР оценило дека неговите одговори во австралиската патничка изјава укажуваат дека ги исполнува условите да влезе во земјата без да оди во карантин.

Сепак, во поднесокот на Владата се наведува дека е-поштата на министерството не е гаранција „дека ќе биде прифатено неговото таканаречено „здравствено ослободување” и дека неговите одговори ќе бидат прегледани и проверени по неговото пристигнување. Владин поднесок го оспорува барањето на Ѓоковиќ за медицинско ослободување со образложение дека тој се заразил со коронавирус во средината на декември.

„Нема индикации дека подносителот имал „тешка акутна болест” во декември 2021 година. Се што рекол е дека бил позитивен на тестот за Ковид-19″, се вели во владиниот поднесок.

Треба да знаете
Последни објави