Search

Чави: Нема да биде никакво чудо Барселона да го победи Баерн Минхен

Барселона вечерва гостува кај Баерн Минхен на „Алијанц арена“ (21 ч.) во шестото коло од елитното клупско фиудбалско натпреварување Лигата на шампионите. Овој натпревар е да се биде или не за Барселона, додека Баерн одамна ги симна дилемите околу настапот во осминафиналето. На Барселона и е потребна победа за да биде втора во групата Е и напролет да биде дел од нокаут-фазата во ЛШ. На табелата Барселпона има два бода повеќе од Бенфика која е на третото место. Португалскиот тим ќе биде домаќин на украинскиот Киев Динамо кој е последнопласиран и нема никакви шанси за европска пролет.

-Се е во наши раце. Ќе дадеме се од себе и мислам дека нема потреба да се прави чудо. Ова се само уште еден натпревар во кој можеме да го победиме ривалот. Мораме да бидеме трпеливи бидејќи имаме противник кој беше подобар од нас на претходните натпревари, изјави Чави тренерот на Барселона.

Барселона и да не победи може да се надева дека ќе остане дел од ЛШ, но за нив ќе треба рабиотата да ја заврши Динамо Киев.

-Мораме да се потпреме на себе, а не на другите. Сакам моите играчи да заборават на се, да заборават на притисокот. Јас сум тука да им помогнам. Историјата вели дека никогаш не сме победиле во Минхен и можеби е време да го промениме тоа, изјави Чави.

Треба да знаете
Последни објави