Search

Вујовиќ: Одигравме добар меч, но во второто полувреме правевме глупави грешки

Екипата на Вардар денес беше поразена од ПИК Сегед на гостински терен (34:31), тоа беше четвртиот пораз во низа за вардарци во Лигата на шампионите.

Според стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ грешките во второто полувреме биле одлучувачки за победникот.

„Честитки до ПИК Сегед и мојот колега Пастор за триумфот. Од почетокот на натпреварот бевме блиску до ривалот, но правевме глупави грешки во второто полувреме. Моите импресии се дека одигравме добар натпревар, но случувањата во второто полувреме го одлучи победникот. За седум дена повторно ќе играме против истиот противник и ќе се обидеме да го направиме тој дуел поинтересен“, изјави Вујовиќ.

Вардар следниот натпревар во Лигата на шампионите повторно ќе го игра против Пик Сегед, но овојпат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Вардар после седум кола во групната фаза има освоено пет бодови и се наоѓа во долниот дел на табелата.

Треба да знаете
Последни објави