Search

Бугарија изминативе две недели има највисока стапка на смртност од коронавирусот во ЕУ

Во Бугарија вчера имаше згрежени во болниците 7.553 пациенти заразени од коронавирусот од кои 656 се на интензивна нега. Повеќе од 90 отсто од пациентите кои се преполните болници не се вакцинирани, покажуваат податоците. Вчера беа евидентирани 5.178 новозаразени и уште 124 смртни случаи, со што бројот на починатите во земјата се искачи на 23.718, а во последните две недели Бугарија имаше највисока стапка на смртност од коронавирусот меѓу земјите на ЕУ.

Србија е трета на листата со хоспитализирани пациенти на милион жители, со бројка од 6.724 пациенти кои се згрижени во здравствените установи и привремените болници според податоците од страницата „ourworldindata.org“, која собира и објавува информации и табели, за пациенти со Ковид-19 од целиот свет. Првите три земји во светот се САД, Велика Британија и Србија. За споредба, во САД се хоспитализирани 47.612 лица со коронавирус, во Велика Британија 8.238, а во Србија 6.724. Според бројот на хоспитализирани поради Ковид-19 на милион жители, во првите 10 земји се наоѓа и Хрватска. Во Србија има повеќе хоспитализирани отколку во Франција, Италија и Португалија, земји кои до неодамна беа жаришта на короната, а во кои живеат многу повеќе луѓе отколку кај нашиот северен сосед. До 24 октомври, во Србија се регистрирани вкупно 1.098.209 потврдени случаи на Ковид-19, а вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 9.509.

Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата и се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина. Според светските медиуми, Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и Русија. Во понеделникот, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека и на островот се потврдени првите два случаи на Делта плус.

Во Словенија болниците се преполни со 3.000 или 4.000 новозаразени дневно, на интензивна нега поради Ковид-19 во моментов 133 пациенти, па Министерството за здравство најавува построги мерки во претстојниот период, доколку состојбата не се подобри. Се зборува и за одново воведување карантин.

Треба да знаете
Последни објави