Search

ОЕЦД: Пад на миграциските текови во 2020 година поради здравствената криза

Кризата поради пандемијата на коронавирус предизвика „најголем пад на миграциските текови досега” во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во 2020 година.
Според годишниот извештај за миграција, падот на бројот на луѓе кои доаѓаат во земјите членки е 30 отсто.
Намалување се забележува во сите категории на имиграција во текот на изминатата година, кога во земјите на ОЕЦД пристигнаа 3,7 милиони луѓе.
Иако привремената работна миграција нагло опадна во повеќето земји, една категорија беше исклучок во 2020 година, а тоа се сезонските земјоделски работници.
Жан-Кристоф Димон, шеф на Одделот за меѓународна миграција на ОЕЦД, рече дека имигрантите и натаму се меѓу најранливите популации бидејќи се концентрирани во најзагрозените сектори.
Тој додаде дека во решавањето на последиците од здравствената криза, посебен предизвик ќе биде да се осигура дека планот за закрепнување ќе биде инклузивен.
Треба да знаете
Последни објави