Search

Актерот Евгениј Кулеш загинал на сцена во Болшој театарот

Изведувач од познатиот московски театар „Болшој“ загина во трагична несреќа што се случила на сцената за време на опера, пренесуваат локалните медиуми. Според руските медиуми, станува збор за актерот Евгениј Кулеш (38), а како што наведуваат во објавите, несреќата се случила затоа што врз него паднала дел од сценографијата.

-Операта беше веднаш прекината и од публиката беше побарано да си замине – објавенле од театарот, пренесува агенцијата Интерфакс.

Кулеш бил дел од театарот од 2002 година. Ова не е прва трагедија во „Болшој“ театарот.

Ројтерс пренесе дека во јули 2013 година, познат виолинист загинал откако паднал во просторот наменет за оркестарот.

Треба да знаете
Последни објави