Search

Тухел: Манчестер сити беше подбриот тим и заслужено го доби дербито

Тренерот на актуелниот европски фудбалски првак Челзи, Томас Тухел признава дека дерби пресметката со Манчестер сити во рамките од 6. коло во Премиер лигата заслужено му припаднала на актуелниот англиски шампион (0:1). Во дуелот со „граѓаните“ , напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку не одигра ништо, но Тухел вели дека Белгиецот бил комплетно изолиран во последната третина од теренот и нема никаква забелешка за него на индивидуален план.

– Мислам дека нема потреба да се зборува за Лукаку на овој меч, за тоа што се мачеше на теренот. Кога топката стигнуваше некако до Лукаку, нападот веќе беше полу-завршен, бидејќи едноставно немавме доволно луѓе во нивната половина. Немавме верба во нашата игра и немавме добра конекција.Тоа треба да се признае и имавме тимски проблем. Немавме индивидуален проблем денеска, имавме проблем како тим и тоа треба да се признае. Сити беше подобар од нас како тим и тоа е тоа. Обично наша цел е да го ставиме противникот под притисок, но тоа Сити го направи со нас денеска. Беа подобри, посвежи и попрецизни во секој дел од играта. Ни недостасуваа многу работи како тим и немам проблем да го признаам тоа. Одиме понатаму, ова не е крајот – изјави Тухел.

Треба да знаете
Последни објави