Search

Солскјер разочаран по поразот од Астон Вила

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се огласи по денешниот првенствен пораз од Астон Вила (0:1).

– Очигледно сум разочаран бидејќи голот беше од офсајд. Тешко е кога ќе се донесе таква одлука против тебе. Се разбира, кога губите, постои вознемиреност. Може да прифатите кога ќе постигнете добар гол, но имаше офсајд позиција. Како може ова да се смета за гол, а во друг случај не? Ние пропуштивме шанса за бод. Бевме многу агресивни, се снајдовме многу добро во преодните фази, но завршниот удар, последното додавање и одлуките на крајот од реализацијата не беа секогаш најдобри, изјави Норвежанецот.

Манчестер јунајтед во самиот финиш пропушти да изедначи од пенал. Ударот од 11 метри на Бруно Фернандеш заврши над голот на гостите.

По шест натпревари, Манчестер јунајтед има 13 бода, додека Астон вила собра 10.

Треба да знаете
Последни објави