Search

Силекс сигурно чекори, Вардар продолжува да разочарува

Кратовски Силекс незапирливо ита кон екпресен кам-бек во Првата фудбалска лига, откако денеска ја запиша и петтата победа во серија во второлигашката конкуренција – Запад, а Слога Виница неочекувано се сопна и во последните девет минути Детонит со пресврт стигна до триумф за да им ја прекине серијата од четири победи и во источната група да има нов лидер.

Силекс со 2-0 го победи Тетекс во Тетово за петти триумф и максимални 15 бода, а Вардар одигра само 2:2 на домашен терен против Беса. За „црвено-црните“ ова е второ реми досега, но, разочарувачки е дека по пет одиграни натпревари имаат само еден триумф.

Вардарци до последните мигови ги имаа трите бода в „џеб“, со головите Филип Петковски во 41. и 52. минута, откако претходно гостите поведоа преку Хакан Лимани. Сепак, во 90. минута, радост за Беса донесе Мухамед Бекир и со тоа дојде до делба на бодовите.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

Вардар – Беса 2-2, Тетекс – Силекс 0-2, Гостивар – Охрид Лихнидос 2-1, Кораби – Кадино 1-0, Воска спорт – Велешта 4-0

ТАБЕЛАСилекс 15 бода, Кораб 10, Воска 9, Тетекс 7, Беса 7, Кадино 5, Вардар 5, Гостивар 5, Велешта 4, Охрид 3

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Локомотива – Братство 1-0, Победа – Осогово 6-0, Детонит јуниор – Слога Виница 1-1, Беласица – Каменица Саса 0-1, Кит Го – Кожув 1-0

ТАБЕЛАКаменица Саса 13, Слога Виница 12, Победа 10, Беласица 10, Кит Го 9, Кожув 4, Локомотива 4, Детонит 4, Осогово 4, Братство 1.

 

Треба да знаете
Последни објави