Search

ПСЖ и без Меси гази се по ред во францускиот шампионат

Францускиот Пари Сен Жермен и без најголемото и најзвучно засилување кое го доби летово  Лионел Меси кој е повреден, гази се по ред во националниот шампионт. „Светците“ без многу мака како домаќини стигна до нова победа, осма во низа во оваа сезона во француската Лига 1, совладувајќи го Монпелје со 2-0. ПСЖ е со максимален учинок и покажа уште од старт дека нема конкуренција во трката за шампионскиот трон во земјата на актуелниот светски првак.

Не играше Меси, а ПСЖ немаше проблем да дојде до триумф иако голгетерски не беа расположени Нејмар, ни Мбапе, ни Ди Марија. Победата ја обезбедија Идриса Геје со голот во 14-та минута и Јулијан Дракслер со погодокот на минута пред крајот.

Монпелје со третиот пораз и трет меч без победа остана на девет бода и моментно е на 11 место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави