Search

Пандев ја разбуди Џенова, но Верона во судиското продолжение им го преполови расположението

Џенова на македонскит фудбалски интеранционалец Горан Пандев во 6. коло од калчолигашката конкуренција како домаќин ремизираше со Верона (3:3). Џенова иако губеше со 0:2, во вториот дел успеа да направи целосен пресврт и да поведе со 3:2, но во судиското продолжение остана без поскауваната победа.

Пандев влезе во игра на почетокот од второто полувреме и ја разбуди Џеновца, иако Верона во 49 минута поведе со 0:2. Во последните 15-тина минути фудбалерите на Џенова успеаја да постигнат три гола, прво Кришито од пенал намали на 1:2, потоа Дестро прво израмни на 2:2,  а по додавањето на Пандев и донесе водство на Џенова во 85 минута. Во судиското продолжение, Џенова останаа без победата бидејќи Калиниќ постигна гол за конечни 3:3.

Треба да знаете
Последни објави