Search

Куртоа не дозволи изненадување на „Сантијаго Бернабеу“

Белгискиот репрезентативен чувар на мрежата на шпанскиот Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги спаси од пораз „кралевите“ во дерби мечот на 7. коло во Ла Лига против Вилјареал (0:0) кој се одигра на „Сантијаго Бернабу“. Куртоа со неколку бравурозни интервенции не дозволи топката да заврши во неговата мрежа, а доказ за неговата одлична форма е и податокот дека од последните 27 упатени удари кон неговиот гол, тој не успеал да одбрани само четири, со што го прави најдобар голман во оваа статистика.

Гостите својата најсериозна шанса ја имаа преку Амаут Данјума во 55. минута, додека кај домаќините најблиску до погодок беше Карим Бензема.

Реал Мадрид и со ремито останува лидер на табелата со 17 бодови, а Вилјареал е на 1. место со 8 бода.

Треба да знаете
Последни објави