Search

(Видео) Фудбал за мерак на „Џузепе Меаца“

Во дерби пресметката на 6. коло од италијанската Серија А, Интер и Аталанта прикажаа фудбал за мерак и на крајот ремизираа 2:2 на „Џузепе Меаца“. Натпреварот изобилуваше со возбудувања, пресврти, голови, нереализиран пенал, поништен гол со ВАР… Актуелниот шампион Интер поведе, возврати Аталанта со пресврт, па „неразурите“ израмнија и во финишот пропуштија можност од пенал да дојдат до ново водство и евентувално до три бод, за на другата страна Аталанта пак ја затресе противничката мрежа, но голо и биде поништен гол по сигнализација на ВАР технологијата.

Голеадата на „Џузепе Меаца“ ја отвори Лаутаро Мартинез во петтата минута по асистенцијата на Николо Барела.Но, до крајот на полувремето, фудбалерите на Аталанта успеаја да на направат пресврт, прво Руслан Малиновски во 30 минута израмни, а осум минути подоцна Рафаел Толои ги шокираше домаќините со водство.

Второто полувреме помина во доминација на играчите на Интер кои во 71 минута преку Един Џеко дојдоа до израмнување. „Неразурите“ во финишот, во 85 минута можеа да направат пресврт откако беше досуден пенал по играњето со рака во сопствениот шеснаесетник на Михат Демирел. Федерико Димарко ја презеде одговорноста и ја погоди пречката, што можеше да им се одбие од глава само три минути подоцна. Роберто Пицоли го совлада голманот Хандановиќ но, голот не беше признат на интервензија од ВАР собаѕта, бидејќи претходно топката била во аут.
Интер е трет на табелата со 14 бодови, додека Аталанта е петта со 11 бодови.

 

Треба да знаете
Последни објави