Search

(Видео) Борусија Дортмунд без Халанд и Ројс потклекна пред истоимениот тим од Менхенгладбах

Пресметката на двете Борусии, од Менхенгладбах и од Дортмунд во 6. коло од бундеслигашката фудбалска конкуренција ја реши Закарија (1:0). „Милионерите“ од Дортмунд без повредениот капитен Марко Ројс и првиот напаѓач Ерлинг Халанд потклекнаа на гоастувањето во Менхенгладбах. На тренерот Марко Розе на тимот од Дортмунд, не му помогна тоа што добро го познабва ше ривалот бидејќи до пред извесно време седеше на клупата кај тимот од Менхенгладбахж кој им го нанесе вториот сезонски пораз.

Покрај отсуството на Ројс и Халанд дополнителн проблем на гостите им донесе и исклучувањет на Дауд уште во првото полувреме.

Дортмунд сега заостанува четири бода зад водечкиот Баерн Минхен, додека Менхегладбах стигна до само втората победа и се проби до 11 позиција на табелата.

Треба да знаете
Последни објави