Актерот Оскар Ајзак на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција направил една сензација која станала главна тема на социјалните мрежи.
Тој пред камерите и фоторепортерите позирал со својата колешка Џесика Честејн.
Прекрасни сцени кои ги преплавиле социјалните мрежи настанале кога таа ја префрлила својата рака преку неговото рамо, а тој во тој момент се свртил кон нејзиниот бицепс и почнал да го бакнува.
Оваа сцена изгледала многу заводливо поради тоа што двајцата изгледале заљубено и таква атмосфера им пренеле на сите, меѓутоа сето тоа било само шега.