Парис Џексон, ќерката на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, во разговор за магазинот Rolling Stone проговори за својот однос со татко и додека бил жив. Таа изјави дека со неговата смрт го загубила единственото нешто што и било важно во животот.
„Во животот ми внесе само радост“ , рече Парис која девет тетоважи на своето тело му ги посвети на својот татко.
Ќерката на Мајкл Џексон раскажа дека тој секогаш и велел дека може да биде поголема ѕвезда од него ако сака, но дека е исто така во ред и ако не го сака тоа.
„Само сакам да бидеш среќна, така ми велеше“ , раскажува Парис.
Таа во разговорот откри и детали од детството и дека таа и нејзините браќа не знаеле дека татко им е голема ѕвезда.
„Навистина не знаевме кој е. Беше нашиот свет и ние негов. Не познававме многу деца на наша возраст. Бевме осамени бидејќи не го напуштавме често ранчот“, раскажа ќерката на Мајкл Џексон додавајќи дека таа и нејзините браќа не оделе во редовно училиште бидејќи повеќе сакале да го поминуваат времето со својот татко и дека во тоа време не познавале многу свои врсници.
Мајкл Џексон покрај Парис ги имаше и синовите Принс Џексон и Бланкет кој го смени своето име во Биги.
За потсетување, во филмот „Leaving Neverland“, беа изнесени обвиненија дека Мајкл Џексон ги злоставувал своите деца што ги шокира неговите бројни обожаватели.