Search

Дали славната манекенка ќе биде новата Саманта во продолжението на „Сексот и градот“?

Најпознатата германска манекенка Хајди Клум на својот Инстаграм профил ги изненади своите следбеници со фотографија на која позираше со sвездите од серијата „Сексот и градот“ и напиша дека ќе ја замени Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс.

– Како велите Саманта на германски јазик? Беше толку тешко да се одржи ова изненадување, но конечно можам да споделам дека се приклучувам на новата сезона на „Сексот и градот“! Едвај чекам да испијам „космо“ коктел и да прошетам чевли Маноло Бланик со овие неверојатни дами – напиша Клум и воодушеви милиони нејзини обожаватели.

Сепак, по неколку часа, таа објави видео и во описот напиша дека само се шегува, со оглед на тоа дека е 1 април…
Преземено од Вистина.мк
Треба да знаете
Последни објави